Три нови случаи на позитивни на ковид-19, сите се млади личности

Петар Печков

Откако два дена во велешко немаше нови случаи на позитивни со ковид-19, во текот на вчерашниот ден регистрирани се три. Има и еден оздравен.  Со ова бројот на активни случаи во велешко е  38.

За трите лица нема поврзаност со некого, меѓусебна. Девојките се на 26 и 19 години а машкото на 36. Има еден оздравен кој лежел на Инфективно одделение - изјавија до Центарот за јавно здравје Велес. 

На инфективното одделение има 15 пациенти,14 се потврдено позитивни, еден е непотврден, еден е испуштен како оздравен по два негативни теста а две лица се на кислородна поддршка. Од лицата кои се на Инфективно одделение 11 лица се од Велес и 4 од Јаболчишта. Од активните случаи на домашно лекување се  24, 13 се пациенти на Инфективно одделение и еден е во КПУ Идризово.

Досега во велешко заболени од ковид-19 се 201 лице, 150 оздравеле,  и 13 починаа.

Во Свети Николе пак состојбата со ковид-19 сериозно се заканува. За еден ден има 25 ново заболени, од нив 19 се од модна конфекција, каде до вчера имаше 15 случаи или сега се вкупно 34. Шест ново заразени  лица се граѓани на општина. Поради големиот број на заразени вработени,  конфекцијата од страна на сопственикот е времено затворена и сите 630 работници, кои не беа тестирани ќе бидат тестирани на ковид-19.  Во текот на вчерашниот ден биел тестирани 208 лица.

Нов случај на позитивен на ковид-19, трет по ред се јави и во голема странска фабрика близу Кавадарци.  Маж на возраст од 55 години од Кавадарци, е нов случај во оваа странска компанија. Тој е на домашно лекување.  Во Кавадарци има 16 активни случаи на лица со корона вирус. 
 И свети Николе и Кавадарци се под Центарот за јавно здравје Велес.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати