Тројца велешани добија вкупно 11 години затвор, откако беа уапсени додека преработувале дрога

Петар Печков

Тројцата велешани кои при крај на ноември лани, беа уапсени откако поседувале кокаин, ја признале вината и судија од Основен суд Велес им изрекол затворски казни. С.Т (50 год) и (Д.С.  44 год) и (Р.С.34  год) за помагање при сторување на кривичното дело. Сите тројца се од  Велес .Нив им се судеше за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори 

По предметот е донесена пресуда од 09.05.2025 година по признание на вина од страна на обвинетите, каде обвинетиот С.Т. е огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од 5 (пет) години, а обвинетите Р.С и Д.С. се огласени за виновни и осудени на казна затвор во траење од по 3 (три) години. 

Според обвинението С.Т. во неговата куќа на улицата “Петар Алчев” (на кривините кон Којник), преработувал наркотична дрога кокаин и тоа од чист кокаин во крек кокаин. Во тоа со умисла му помагале  Р.С  33- и Д.С.  44 години, кои престојувале во неговиот дом, така што му ставиле на располагање средства за извршување на делото. При претрес во куќата биле пронајдени 994,8 грама чист кокаин.

Пред некој ден ОЈО Велес објави дека во текот  на постаптката С.Т како купувач на ова количество кокаин 994 грама, кажал дека го набавил од А.В. (53 год) по што тој заврши во притвор, а обвинителството отвори истрага.  

Против пресудата од страна на бранителите на обвинетите се вложени жалби. Мерката притвор за обвинетите е продолжена и ќе трае до правосилноста на пресудата. Пресудата не е правосилна.

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати