Труење со храна од угостителски објект, седум лица побарале помош од лекар, двајца се на дневна нега

Петар Печков

Од храна во  угостителски објект во Велес пријавено било труење, кое потоа надлежните инспекции го потврдиле.  Центарот за Јавно здравје (ЦЈЗ)  Велес пријавил во вторникот дека има сомнежи за труење со  храна кај четири лица. Во соработка со неколку институции бил извршен вонреден инспекциски надзор во објектот кој бил пријавен дека е конзумирана храната. 

„Врз основа на пријава од ЈЗУ  Општа болница – инфективно одделение Велес до Центарот за јавно здравје Велес, четири лица биле примени со симптоми на повраќање, дијареа, покачена темература, гадењде и грчеви. Тие биле примени во болница  на 11 јули  -сабота, по консумирање на оброк -риба и грав, кои биле подготвени во кујната на оваа гостилница“ – соопштија од Агенцијата за храна и ветерина (АХБ). 

Во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, ЈЗУ Институт за јавно здравје – Скопје,  Државниот санитарен и здравствен инспекторат - Велес, инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во вторникот спровеле заеднички вонреден инспекциски надзор во угостителскиот објект. 

„Со надзорот утврдено е дека санитарно-хигиенската и техничката состојба во кујната и објектот (sидните, подните, работните површини, опремата, хаубата, разладните уреди) не е на задоволително ниво. Вработените лица немаат извршено здравствени прегледи, не се водат записи за Добра хигиенска и Добра производствена пракса и не се користи средство за дезинфекција на работните површини и опрема. Во момент на надзорот, во разладните уреди се затекнати месо и месни подготовки, риба и пирошки, сите производи без декларација, без комерцијален документ, без потекло, пакувани во ринфузна состојба односно во ќеси и картонски кутии. Целокупната небезбедна храна во количина од 81,4 килограми е нештетно е уништена“ -  информираат од Агенцијата за храна и ветерина.

За утврдените недоследности и за пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му бил  парична казна од 600 евра во денарска проитиввредност, а со 300 евра во денарска противвредност казнето е и одговорното лице.

Од велешка болница информираа дека до денес, петок, седум лица побарале здравствена помош.

„Од саботата до денес седум пациенти се јавиле за здравствена помош поради симптоми за труење.  Петмина минале со мали тегоби а две лица доаѓаат на дневна болница“ – кажа д-р Анамарија Џунџева, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Од Центарот за јавно здравје Велес информираа дека девет лица кај нив се пријавени со симптоми за труење од храна од истиот објект, двајца од нив се пријавиле на матичен лекар. Имало пријава од уште едно лице, не поврзано со настанот, но кое само подигнало храна од угостителскиот објект и се жалело на симптоми со труење. 

На операторот со храна издадено му било решение за времено затворање на кујната и за подготовка и послужување на храна, се до добивање на негативни резултати од лабораториските тестирања како и решение са наредба за генерално и темелно чистење на целиот објект, извршување на санитарни прегледи за работените, спроведување на вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати