Уапсени двајца велешани по неуспешниот обид за разбојништво на продавница

Петар Печков

Вчеравечер, четврток, велешката полиција  уапсила две лица, откако претходно тие се обиделе да ограбат продавница. По неуспешниот обид, двајцата велешани ја напуштиле продавницата, но вработените веќе алармирале и за кратко време разбојниците биле уапсени.

На 11-ти февруари во 20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода К.Г.(30) и Љ.Ј.(36), двајцата од Велес, затоа што 15-тина минути претходно со закана се обиделе да извршат разбојништво во продажен објект во Велес - информирааа од МВР

Лицата  биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати