Уапсени три лица кои на полигонот Криволак вршеле археолошки истражувања и ископ на предмети

Петар Печков

Неделата  припадници на армијата пронашла  три лица кои биле откриени на армискиот полигон Криволак. Тие вршеле археолошки истражувања и ископ на предмети.

„На 14 април  полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.А.(49 год) од село Никуштак, општина Липково, Р.М.(49 год) од село Вакуф, кратовско и Б.А.(36 год) од село Орланци, скопско. Од припадници на армијата тие биле затекнати со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки во армискиот полигон Криволак. При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ“ - соопшти Биљана Ѓаковска – портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС РАСПИША ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 50 ПОРОТНИЦИ

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3, чл.42 и чл.43 од Законот за судовите и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот, на ден 12.07.2024 година, го објавува следниот:

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ја пиете водата од природните чешми и бунари?

  • да
  • не
  • како кога
Резултати