Убедлива победа за ФК Превалец на стартот од Третата лига Југ, пораз за ФК Борец во Росоман

Петар Печков

Се одигра првото коло од Третата фудбалска лига Југ. Резултатите на трите велешки се победа и два порази.

Силовит старт на ФК Превалец кој дома со 6:0 (3:0) го совлада тимот на ФК  Млекар од прилепско Мало Коњари. ФК Борец загуби во Росоман, од истоимениот тим со 0:1 а новакот во ова друштво ФК Тополка е поразен со 0:2 во кушевско Пресил од домаќинот ФК Влазними јуниор. Екипата на ФК Башкими од Горно Јаболчиште не го одигра натпреврот со ФК Слога од прилепско Лажани, бидејќи домаќинот пред почетокот на првенството се откажал од натпреварите.    

Во следното второ коло ФК Превалец игра повторно дома, овој пат со ФК Питу Гули од Крушево, ФК Тополка гостува и ова коло кај ФК Млекар во Мало Коњаре прилепско,  ФК Борец игра дома со ФК Влазними јуниор а ФК Башкими игра дома со ФК Младост од прилепско Кривогаштани.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати