Убедливи победи на ФК Борец и ФК Превалец за врвот на Трета лига Југ

Петар Печков

Фудбалерите на  Борец со сигурна победа во гости се зацврстија на првото место, ФК Превалец забележа нова убедлива победа за второ место а локалното дерби помеѓу ФК Башкими и ФК Тополка без победник.

ФК Борец победи во Прилеп над ФК Ултрас со 2:5. Домашинот тим од средината на табелата бил лесно совладан од најстариот велешки лигаш. Со 15 бода ФК Борец е на првото место по шест кола. ФК Превалец дома со убедливи 6:1 го победи ФК Росоман кој беше високо пласиран. Со овие нови три бода превалчани се втори на табелата со 13 бода и натпревар помалку. Во Чашка ФК Башкими и ФК Тополка одиграа нерешно без голови 0:0. ФК Башкими од Горно Јаболчиште е 8-ми со 6 бода а ФК Тополка е 11 со два. 

Во следното 7 коло во дербито на днотоп ФК Тополка го пречекува ФК Дреново кој е пертпоследен 13 со еден бод,  во Велес на Градски локланото дерби ФК  Борец – ФК Башкими а ФК Превалец гостува во Круишевски Пресил,  на ФК Влазними јуниор кој има ист број бодови 13 и е 4-ти.

Започна новото првенство од Првата кошаркарска лига. На гостувањето во Штип, КК Борец баскет е убедливо совладан од КК Соколи со 90:71. Во следното второ коло, сабота велешани повгторно гостуваат, овој пат во Струмица на истоимениот клуб. 

фото:ФБ ФК Тополка

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати