Убиство во Велес, смртно настрада полицаец додека бил дома

Петар Печков

Ноќеска околу 2,15 часот, во Велес се случило убиство во кое смртно настрада лице кое работело како  полицаец а настанот се случил дома.    Убиството се случило во близина на куќата на Касапови, а починат е А.Р.   кој живеел во вонбрачна заедница со П.И.

 „Во 2,30 часот добивме повик за лице, прободено со нож на улица Максим Горки бр. 190. Се работи за маж  на 40 години. Нашата екипа излезе на лице место веднаш и констатира насилна смрт, со прободување со нож во граден кош“- кажа д-р Василка Пановска, началник на Итната медицинска помош – Велес.

 Од велешката полиција соопштија дека уапсиле лцие, за кое се соменваат дека го сторило убството.

„Утрово во 5 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал“ - соопшти Верољуб Додевски, портпарол ан СВР Велес.

Бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќе поднесат соодветна пријава.  Соседите  не слушнале  ништо ноќва, кога е сторено убиството.

„Ништо сомнително не слушнавме, не се случуваше, ниту гужва, ноиту повици за помош. Тој беше полицаец, живееја заедно 4-5 години, но не беа во брак. Таа работеше во Дрекселмаер.  Тој живеел во Шорка и ово му била трета жена. Но ја малтеритраше. Пред некој ден купија санитарија за купатило, по три дена истата беше фрлена во двор и искршена. И децата од пет години на маало му пречеа„ - велат соседите.

Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.

„По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција. Во текот на денот ќе се изврши испитување на лицето за кое постои сомневање дека е сторител на кривичното дело“ - соопштија од ОЈО Вeлес.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес, има потреба да вработи: Оператори во производство Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА ТЕХНИЧАР-АВТОМАТИЧАР

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес, има потреба да вработи: Техничар - автоматичар Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА ТЕХНИЧАР -ХАУСМАЈСТОР

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес, има потреба да вработи: Техничар (хаусмајстор) за одржување на надворешна инфраструктура и градина Детали

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали со повисоките цени на кесињата за пазарење во маркетите, може да се зачува животната средина?

  • да
  • не
Резултати