Украдена нафта од камион, кој работел на изградба на магистралниот пат Градско - Прилеп

Петар Печков

Претходната ноќ, средата кон четвртокот, физички бил нападнат вработен од фирмата која врши изградба на магистралниот пат Градско - Прилеп. И додека тој бил нападнат, други лица, краделе нафта од камион, кој бил ноќта таму паркиран. Повеќе детали за ова од информацијата на МВР
 
„На 30 јуни  околу 03.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Градско, на 25-ти километар кај патот во изградба Градско – Прилеп, едно лице физички го нападнало вработениот кој вршел обиколка на паркираните возила. Во тоа време други две лица одзеле нафта од товарно возило“- соопштија од СВР Велес.

Увид извршила екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување наслучајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати