Универзитетот Климент Охридски повеќе нема да се наплатува за такса за упис на година

Петар Печков

Проректорот за студентски работи на Универзитетот  Св.  Климент Охридски,  проф. Марјан Ѓуровски дојде во Велес на студентите од Техничко- Технолошкиот факултет да им пренесе дека повеќе нема  да се наплатува за такса за  упис на година. Ова се однесува на редовните студенти а одлуката е со важност од почетокот на месец март.   

Од први март студентите на Универзитетот Св. Климент Охридски нема да плаќаат административна такса за пријавување, запишување, заверување на семестар. Ова е ослободување од неколку илјади денари  во текот на студирањето, кое се однесува на редовните студенти. Одлуката е во согласност со Законот за административна такса - објасни Ѓуровски.  Неговата посета на ТТФ е во рамките на разговори со студентите за условите во кои тие студираат.  

Дојдов да го слушнам гласот на студентите. Се отвораат тематски разговори, со  цел да се запознаеме со условите за работа и начинот на студирање, како и можноста за пракса со бизнис заедницата и потенцијалот кој го има во локалната заедница. Да слушнеме дали се задоволни од  наставата. Ќе разговараме и со локалната бизнис заедница, дали постојните студиски програми одговараат на нивните потреби. Да не се случува студентите да студираат и завршат а пазарот на труд да побарува друга работна сила - дополни Ѓуровски. 

Во однос на барањата на факултетот, како потреба,  проректорот за студентски работи  при УКЛО кажа дека се потребни   асистенти, вработување на млад кадар. Ова се однесува на сите државни универзитети. Поради нивен недостиг  одржувањето на вежбите било  доведено во прашање, бидејќи наставниот кадар е ограничен. 

Суштински проблем на високото образование  е немањето на подмладок, потребни се асистенти. Бројот е минимален или скоро да нема асистентите или докторанти на факултетите. Веднаш по изборите ќе треба вработување на   државните универзитети - рече Ѓуровски.  

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати