Упасена скопјанка која извршила 12 измами, по три во Велес, Тетово и во Струмица и по една во Куманово, Штип

Петар Печков

Уапсена скопјанка која  според полицијата извршила 12 измами во пет градови во Македонија, од нив три во Велес. Во соопштението нема детали како ги мамела граѓаните.

„По преземени мерки, односно по лишувањето на А.Ј.(23 год) од Скопје и расчистувањето на три кривични дела „измама“ и едно кривично дело „измама“ во обид над лица од Тетово, Одделот за криминалистичка полиција, по преземени дополнителни понатамошни мерки и активности во кординација и соработка со сите Сектори за внатрешни работи, на 8 јануари  октрила уште осум кривични дела „измама“, по три на подрачјето на СВР Струмица и СВР Велес и по едно на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип.  Имено, таа беше лишена од слобода на 07.01.2025 во Скопје, постапувајќи по претходна пријава од лице од Тетово дека се обидела да го измами со наводно издавање под наем во Тетово “ – соопштија до МВР.

По апсењето било констатирано дека девојката треба да одлежува казна затвор од половина година за друго дело.


Вчера МВР објави дека е упасена  23 годишна скопјанка  А.Ј.  која на социјална мрежа објавила оглас дека издава станови под наем и измамила тројца тетовци.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати