Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 октомври 2025
Футсал екипата на КМФ Кеги моби со победа стартуваше во новото првенство до Првата лига. Велешани осетно засилени, со високи амбиции со 4:8 славеа во Чаир над екипата на ЖФК Балкан. Во второто коло во Велес гостува составот на ЖФК Осогово до Кочани.
Во Третата фудбалска лига Југ се одигра 7-то коло, во локалното дерби Борец подобар од ФК Башкими, победи за ФК Тополка и ФК Превалец. Сите победи се со ист резултат 3:0.
Лидерот ФК Борец со 3:0 го победи ФК Башкими од Горно Јаболчиште и се зацврсти на врвот со 18 бода, три бода повеќе од второпласираниот ФК Превалец. Превалчани победија во дербито против ФК Влазними јуниор кој беше четврти, со ист резултат како и од Градски во Велес, со 0:3 во крушевски Пресил. ФК Тополка ја забележа првата победа во оваа конкуренција над дербито на дното со исто така 3:0 над ФК Дреново, кој е претпоследен.
Во следното коло ФК Борец гостува во Сирково кај ФК Дреново, осмопласираниот ФК Башкими игра во Чашка со ФК Венец од неготински Долни Дисан кој е 7-ми со 10 бода и дербито на населбата Превалец -ФК Превалец – Фк Тополка, која е 10-та со пет бода.
Во четвртото коло на Општинската фудбалска лига се постигнаа следните резултати:
ФК Локомотива – ФК Форца нова 2:1
ФК Горски – ФК Врановци 1:2
ФК Младост – ФК Согле 4:0
Слободна беше екипата на ФК Раштани
Т А Б Е Л А
1. ФК ВРАНОВЦИ 4 4 0 0 13:2 12
2. ФК СОГЛЕ 4 3 0 1 8:5 9
3. ФК МЛАДОСТ 3 3 0 0 11:4 9
4. ФК ФОРЦА НОВА 3 2 0 2 7:7 3
5. ФК ЛОКОМОТИВА 4 1 0 3 6:15 3
6. ФК ГОРСКИ 3 0 0 3 3:5 0
7. ФК РАШТАНИ 3 0 0 3 2:12 0
Бо петоѕто коло играат:
ФК Врановци – ФК Младост (дерби)
ФК Форца нова – ФК Горски
ФК Раштани – ФК Локомотива
Слободна екипата на ФК Согле
Женската екипа на ЖФК Борец на домашен терен беше поразена со 0:14 од ФК Билјанини извори од Орхид. Ова беше натпревар од шестото коло, велешанки остануваат последни шести без бодови. Bo следното коло ЖФК Борец гостува во Скопје кај четврто пласираната екипа на ЖФК Слободен.
