Учениците на распуст, заврши наставната 2019-2020, која три месеци беше во вонредни околности

Петар Печков

Денес 10-ти јуни, заврши наставата во учебната 2019/20-та година, без вообичаенаа еурофија и разделба. Во велешко тоа е крај за образовниот процес  за 6469 ученици од средното и основното образование. Во петте основни училишта  во општината настава следеа 4446 основци меѓу нив и 43 деветто одделенци и 2023 ученици од средното образование  со 419- матуранти.

Ќе остане забележано дека наставата  за првпат се одвиваше  во вонредни околности и надвор од училишните клупи кои останаа празни од 11 март поради опасност од ширење на заразата со корона вирусот.

Наставата три месеци се изведуваше од далечина и онлајн, а со владините уредби со законска сила  се овозможи и правна основа е-наставата до крајот на учебната година да се смета за формална т.е. соодветна замена на класичната настава во училиштата.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати