ФК Башкими од Горно Јаболчиште се пласира во шеснаесет финалето на Купот на Македонија

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Башкими од Горно Јаболчиште направија голем резултат, откако со победа во Купот  за подрачјето на Третата лига Југ, се пласираа како нејзин претставник во 1/16 финале на Македонија, меѓу 32 најдобри екипи. Попладнево во Росоман,  на неутрален терен го победија тимот на ФК Пепелиште со 2:0. Стрелци на головите беа Албин, со волеј бомба од 16 метри  и Арбен, исто така со прецизен шут од далечина. 

Ова е круна на успешната сезона на екипата од Горно Јаболчиште, која како првак на Општинска фудбалска лига Велес, лани 2024, годинава играше во Третата лига Југ и со голем успех настапи во оваа конкуренција, го освои 3-то место. Втор претставник од подарчјето на Третата лига Југ во 1/16 на Купот на Македонија е ФК Победа од Прилеп.  

Првото коло од 1/16 финале на Купот на Македонија, се игра на почетокот од август, со еден наптревар. Ждрепката ќе биде извлечена подоцна. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати