ФК Борец во судиско продолжение се спаси од пораз (видео), реми и во Третата фудбалска лига во општинското дерби меѓу ФК Башкими и ФК Превалец

Петар Печков

Петти пораз во шестото коло до Супер лигата за ракометарите на РК Бисинов. Тие во Охрид загубија од лидерот на табелата РК Охрид со безмалку двојна рзлика 35:18 (18:8). Во 6 минута резултатот беше 7:1 и уште тогаш се наѕираше дека помладиот велешки ракометен лигаш ќе забележи висок пораз. По ова шесто коло РК Бисинов е претпоследен 11-ти со два бода а во следното коло  игра со уште еден лидер РК Алкалоид, кој како и РК Охрид, нема пораз. 

Во Втората фудбалска лига, ФК Борец во судиското продолжение се спаси од пораз, играјќи 2:2 (1:0) со составот на ФК Скопје. Велешани рано го постигнаа водечкиот гол, во 3 минута преку Османи а во 93 мин. израмни Јордановски. Гостите во седум кола ова им е петто реми. По ова седмо коло ФК Борец е 15 претпоследен со 4 бода. Во следното коло, кое се игра на 19 септември, со пауза поради настапите на репрезентацијата, игра во Гевгелија со ФК Кожуф, кој е петто пласиран со 12 бода. 

Во Третата фудбалска лига Југ се одигра општинското дерби, во Чашка, каде ФК Башкими и ФК Превалец, вториот и третиот на табелата одиграа без голови 0:0. По ова коло и двете екипи паднаа за едно место ФК Башкими е 4-ти а ФК Превалец 5-ти со 9 односно 8 бодови. Во следното шесто  коло во Превалец се игра ново дерби, гостува второ пласираниот тим на табелата, ФК Венец од Долни Дисан. ФК Башкими е слободен. 

Во Втората женска фудбалска лига екипата на ЖФК Борец дома загуби од лидерот ЖФК Кочани со 1:16 (1:10). Велешанки се последни без бод и со  негативна  гол разлика од  -34. Во следното коло играат во Радовиш со екипата на ЖФК Плачковица која има 4 бода и е 5-то пласирана од осум екипи.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА ФАРМАЦЕВТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Фармацевт во оддел за обезбедување на квалитет Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА АСИСТЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Асистент за контрола на квалитет

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати