ФК Борец е првак на Третата лига Југ

Петар Печков

Со победата од 6:0 над екипата  на ФК Локомотива од Градско, велешки ФК Борец е првак на Третата лига Југ. Тоа беше познато уште пред три кола, а денес на Градски стадион, на велешкиот лигаш му беше врачен пехарот за освоеното прво место во оваа конкуренција. Дали ФК Борец ќе игра во Втора лига, ќе биде познато по одигрувањето на баражот, чиј термин не  е познат. Познати се учеснциите во него, тоа се ФК Победа од Валандово како 14 пласирана од Втора лига, ФК Кораби од Дебар од Трета лига Југозапад, ФК Вардарски од Богданци од Трета лига Исток, ФК  Влазерими од Кичево од Трета лига Запад, ФК Куманово од Трета лига Север. Ждрепката е закажана уте, понеделник во просториите на ФФМ.

Со поразот од ФК Борец, ФК Локомтовиа го потврди последното место и од есен ќе игра во Општинска фудбалска лига Велес.. 

Во дербито за второт место во Превалец, ФК Превалец со 1:0 го победи ФК Росоман, тоа беше средба на трето и второ пласираниот тим. Со оваа победа превалчани се на второ место од  Трета лига Југ, вицешампиони.  

 фото ФБ/ ФК Борец/ ФК Превалец

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати