ФК Борец и ФК Превалец на врвот од Третата лига Југ, а в недела играат меѓусебно

Петар Печков

Во второто коло од Првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби победи во Липково, над екипата на КМФ Карадаку со 5:7. Во третото коло ја дочекуваат екипата на КМФ Бутел, на домашен терен во салата Гемиџии.

Победи за екипите на  ФК Борец и ФК Превалец во петтото коло до Трета фудбалска лига Југ а пораз а екипата на ФК Локомотива. Тоа се резултати на трите екипи до ОФС Велес, кои се натпреваруваат во оваа конкуренција.   ФК Борец на домашен терен победи со 1:0 над крушевски ФК Питу Гули а ФК Превалец славеше на гостувањето во прилепско Лажани над екипата на ФК Младост со 0:2. Во соседското дери во Градско ФК Росоман победи со 2:3 над екипата на ФК Локомотива со што двете екипи се изедначија со по 6 бода. По ова коло на врвот се двете велешки екипи ФК Борец и ФК Превалец кои играат меѓу себе следниот викенд во Превалец. ФК Локомотива која е 8 со шест бода од 10 екипи, следното коло е слободна.

Фудбалерките на ЖФК Борец загубија со високи 15:0 во Битола од екипата на ФК Атлетико, и по 5 кола во Втората лига,  се 6 од 8 екипи со 4 бода.   

Се одигра првото коло од Општинската фудбалска лига, постигнати се следните резултати:
ФК Бабуна - ФК Чашка              4:1
ФК Тополка -ФК Младост        1:2
ФК Горски - ФК Башкими         1:2
ФК Мартолци - ФК Богомила 3:3
ФК Илинден - ФК Согле            2:0
слободна беше екипата на  ФК Форца Нова

 во второто коло играат:
ФК Башкими - ФК Мартолци
ФК Согле - ФК Горски
ФК Чашка - ФК Тополка
ФК Форца нова - ФК Бабуна
ФК Младост - ФК Илинден
слободна е екипата на ФК Богомила

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати