ФК Борец лидер на Третата лига Југ по четири кола

Петар Печков

Победа за ФК Борец во Мало Коњари прилепско над екипата на ФК Млекар со 0:3, за лидерска позиција на Третата лига Југ со 9 бодови, од четири кола. Победи и ФК Превалец дома, со високи 7:0 (4:0) над екипата на ФК Младост 1930 од Кривогаштани-прилепско. Со оваа победа превалчани се трети со 7 бода. ФК Башкими од Горно јаболчиште, на игралиштето во Чашка, одгира реми со лидерот ФК РОсоман 1:1 и  е седми на табелата со 5 бода. ФК Тополка помладиот третолигаш од Превалец, загуби со 4:0 од ФК Венец Долни Дисан неготинско. Екиптаа е на претпоследното 13 место со еден бод, со тоа што последната ФК Слога се откажа од натпреварувањето. 

Во Општинската фудбалска лига Велес, се одгира второто коло. Постигнати се следните резултати
ФК Раштани –ФК Врановци 0:1
ФК Горски – ФК Младост 2:3
ФК Локомотива (Градско) – ФК Согле 1:2
Слободна беше екипата на ФК Форце нова
Во третото коло играат:
ФК Слога – ФК Горска
ФК Врановци –ФК Локомотива
ФК Форца нова – ФК Раштани 
Слободна е екипата на ФК Младост

Во четвртото коло на Втората женска фудбалска лига, велешки ЖФК Борец загуби дома, во дербвито на дното од радовишка ФК Плачковица, 0:2, која како и велешанки досега без ниту еден бод. И натаму ЖФК Борец е последен од шест екипи.  Во следното коло тие играат во Македонски брод со ФК Порече, кој е трет со 7 бода. 

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати