ФК Борец на две кола пред крајот првак на Третата лига Југ, но за пласман во Втора лига ќе игра бараж

Петар Печков

Со победата во  кавадаречка Марена, над истоимената екипа од 0:5, велешки ФК Борец го осигура првото место во Третата фудбалска лига Југ, на два кола пред крајот. Велешани немаа проблем над нископласираниот состав на ФК Марена, кој е 9-ти од 11 екипи. ФК Превалец дома со 5:1 го совлада последно пласираниот ФК Бучин и се искачи на второто место. ФК Борец е прв со 45 бода,  втор е ФК Превалец со 39 бода а трет ФК Росоман со 37, сите со по 20 натпревари.  ФК Локомотива во прилепско Големо Коњари загуби со 5:0, од екипата која е четвртопласирана. Во следното претпоследно коло ФК Борец повторно гостува, овој пат  во Прилеп на ФК Ултрас кој е 8-ми, ФК Превалец игра во прилепско  Лажани со ФК Слога која е 6-то пласирана  а ФК Локомотива дома го пречекува ФK Младост од прилепско Кривогаштани, 7-мо пласирана на табелата.  

Првото место на ФК Борец му носи бараж за пласман во Втората лига. Ќе игра со еден од остнатите четири победници на Третите лиги  (ФК Куманово или ФК Шкендија од Cевер, ФК Кораби од Југо-запад, ФК Вардарски или ФК Слога-Виница од Исток и ФК Влазерими од Запад) , или 14 пласираниот од Втората лига (во игра се ФК Тетекс и ФК Саса).

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати