ФК Борец побарал лиценца за евро настапи следната сезона

Петар Печков

Единаесет македонски клубови аплицираа за УЕФА лиценца, меѓу нив е и велешкиот прволигаш ФК Борец 1919.

Одделението за лиценцирање на Фудбалската Федерација на Македонија  во тек на овој декември испрати покани до клубовите во Првата и Втората лига за доставување на пријави за лиценцирање за натпреварувачка сезона 2020/21.

Добивањето на УЕФА лиценца  овозможува настап во натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2020/21. Лиценца побарале сите прволигаши плус штипска ФК Брегалница, која е четвртфиналист  во Купот. 

ФК Борец е осми на табелата по есенската сезона, со 20 бода, осум помалку од второпласираниот тим, место кое води во Лигата на Европа.

Од клубот најавија  ,,4-5 квалитетни  засилувања,добри подготовки, храбра борба за опстанок,голема инспирација и реализација до зацртување на целта,,. 

Медиумите објавија дека од клубот заминуваат Симеон Христов, Филип Петров, Стеван Богдановски, Владимир Жоглев и српските интернационалци Ѓорѓе Ивљанин и Јован Велев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати