ФК Борец победнички од Кратово, го победи ФК Силекс во гости

Петар Печков

Градски стадион Кратово

судија Ставрев од Скопје

стрелци:  Драшковиќ  21` за Силекс , Стоименовски 63`, Ѓорѓиев 94`

Силекс:  Божиноски, Ѓуриќ, Драшковиќ, Гроздановски,  Карчески, Мустафов, Нешковски, Ристов, Серафимовски, Тантуровски, Тимовски  играа и: Ѓоргиев, Костовски К,  Костовски Ф, Спиркоски,

Борец: Мустафа, Ристовски М, Стоименовски, Стојчевски, Коцев, Прелчец, Силва , Ристовски Ф, Ристески, Радовиќ , Станковски   играа и: Пеев, Десниќ и Ѓоргиев

жолт картон: Ѓуриќ, Нешовски, Тантуровски, (ФК С) и Ристески, Стојменовски, Ѓоргиевски (ФК Б) црвен картон: К. Костовски (ФК С)

Со голот на Ѓорѓиев во судиското продолжение во 94-татa минута ФК Борец се враќаво Велес, со победа и три бода од гостувањето во Кратово, против екипата на ФК Силекс. Тоа беше дерби на трето и четврто пласираната екипа на табелата, во која велешани  славеа.

Домашните поведоа  во 21-та минута преку Драшковиќ, израмнувањето дојде во 63 од Стоименовски. Во  75 минута судијата Ставрев покажа на белата точка за ФК Силекс, одлука со која не се сложуваа велешани, но иако голманот  Мустафа при ударот беше испратен на спротивниот агол, топката отиде над гол. 

Во судиското продолжение многу шанси, така во 92-та двајца тројца домашни фудбалери имаа шанса да постигнат гол откако во петте метри на Борец имаше вистинска гужва пред гол, но не беа ефикасни, поточно гостинските фудбалери и од гол линија ја исфрлаа топката.

На истекот од натпреварот на 20 секунди пред крајот Ѓорѓиев од неколку метри прецизно ја уфрли топката со глава во небранетиот агол на домашниот голман за (не)очекувано славје ни голема радост за велешани.

По ова 6-то коло ФК Борец е трет со 11 бода а во следното коло во Велес гостува екипата на ФК Работнички  која е шестта со девет бода.



Честитки за фудбалертите за пожртвуваноста и максималната концентрација, дисциплината до последните моменти од натпреварот. Навистина во првото полувреме не бевме на посакуваното ниво меѓутоа со инструкциите добиени на полувреме уcпeавме да се консолидираме и да влеземе во второто полувреме да влеземе посамоуверено и да ја бркаме што се вели таа негатива од 1:0. Ги исполнија сите тактични задачи онака како што се договоривме. Нормално по исклучувањето нивно, фрливме се на една карта да постигнеме втор гол, бидејќи имаше доволно време за се. Секако можевме и да бидеме казнети меѓутоа ете овојпат среќата беше на наша страна бидејќи Силекс можеше да казни преку корнер ситуацијата. Сепак, ние со френетични интервенции не дозволивме да примиме гол, и што е уште поважно по само триесетина секунди на спротивната страна постигнеме гол за победа“ – изјави Михаилов за Спортмедиа.
 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати