ФК Борец се поблизу до бараж за пласман во Втора лига

Петар Печков

Фудалерките на ЖФК Борец со пораз го завршија првенството од Втората женска фудбалска лига. Дома загубија од послабо пласираниот ЖФК Порече со 2:4, иако пред седум дена на гости го победија третопласираниот тим на РК Плачковица. Со ова тие го завршија првенството како шести од осум екипи.

Во Третата лига Југ лидерот ФК Борец со убедливо 7:0 го совлада тимот на ФК Младост од прилепско Кривогаштани,  која е осмопласирана. По ова коло имаат пет бвода репднсот пред ФК Росоман. Во општинското дерби во Градско, ФК Локомотива загуби со 0:3 од ФК Превалец. И по ова   коло ФК Превалец останува третопласиран а ФК Локомотива 10та  со 10 бода колку што има и последниот ФК Бучин.  Во следното коло ФК Борец гостува   кај  кавадаречка ФК Марена, ФК Превалец со ФК Бучин  дома а ФК Локомотива гостува на ФК Големо Коњари во истоименото прилепско село.

Се одигра 18 коло од Општинската фудбалска лига. Како се ближи крајот на превенството, така некои од екипите не патуваат на гостувањата.
ФК Тополка – ФК Горски                0:3
ФК Бабуна – ФК Мартолци            4:1
ФК Форца нова – ФК Богомила    2:3
ФК Чашка – ФК Башкими               0:4
ФК Младост – ФК Согле                 3:0 (службено гостите не допатувале)
Слободна беше екипата на ФК Илинден (БС)

                                                       Т   А   Б   Е   Л   А
1    БАШКИМИ (Ј)       16    14    1    1    48/12    43
 2    БАБУНА               16    12    2    2    54/20    38
 3    ИЛИНДЕН (БС)    16    12    1    3    38/15    37
 4    БОГОМИЛА          15    9    3    3     34/18    30
 5    СОГЛЕ                 16    7    1    8     25/32    22
 6    ГОРСКИ               17    5    2    10    23/33    17
 7    ФОРЦА НОВА      15    5    1    9     18/25    16
 8    МАРТОЛЦИ          15    4    3    8     29/36     15
 9    МЛАДОСТ            17    4    2    11    20/40    14
 10    ТОПОЛКА          16    2    5    9    13/42      11
 11    ЧАШКА 2022     17    2    3    12    17/46      9

Во следното 19  коло играат:
ФК Согле -  ФК Чашка
ФК Башкими - ФК Форца Нова  
ФК Богомила – ФК Бабуна
ФК Мартолци – ФК Тополка
ФК Горски – ФК Илинден
Слободна е екипата на ФК Мартолци

фото ФБ/ ФК Горски

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС РАСПИША ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 50 ПОРОТНИЦИ

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3, чл.42 и чл.43 од Законот за судовите и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот, на ден 12.07.2024 година, го објавува следниот:

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ја пиете водата од природните чешми и бунари?

  • да
  • не
  • како кога
Резултати