ФК Борец со пораз ги започна натпреварите од Втората лига

Петар Печков

Велешкиот второлигаш, повратникот во ова друштво ФК Борец со пораз ја започна натпреврувачката сезона 2024/25.

На домашен терен во првото коло велешани загубија од ФК Башкими од Куманово со 0:1  (0:1). Кумановци кои имаат амбиции за Прва лига победија со голот на Демири во 41 минута. Домаќинот ја имаше првата и најголема шанса за гол на натпреварот, во 14 мин. кога домашниот фудбалер Османи беше сам пред гостинскиот голман од 7-8 метри одкосо, шутираше а Стојановски одбрани.

ФК Борец од втората минута на судиското продолжение играше со играч помалку, откако Кирил Ивановски доби црвен картон,  со лакт го удри во лице противничкиот фудбалер.

Овој натпревар требаше да се игра во саботата, кога започнаа натпреварите од Втората лига, но беше одложен за вторник. Во следното коло, велешани гостуваат на екипата на Победа во Прилеп, која во првото коло загуби во Штип од Брегалнциа со 1:2.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати