ФК Големо Коњари есенски првак во Третата фудбалска лига Југ, ФК Борец и ФК Превалец со по два бода помалку

Петар Печков

Во осмото коло од Првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби загуби во Кавадарци од составот на КМФ Црна река со 2:1 По ова коло имаат три победи и три порази. Во последното коло од есенскиот дел играат со екипата на КМФ Клими.

Последното коло од Трета фудбалска лига Југ, кое е играше две викенда, заврши вчера. Поради снегот, дел од натпреварите се одиграа минатиот викенд, дел вчера, по што заврши есенската полуетапа.

Во локалното дерби во Градско ФК Борец со убедливи 0:3 славеше над домашната ФК Локомотива а ФК превалец загуби во Росоман од истоимената екипа, која е четврто пласирана со 1:2.

Откако лидерот ФК Големо Коњари  (не)очекувано одигра реми 0:0  во соседско прилепско Лажани со ФК Слога ,  а ФК Превалец загуби, ФК Борец е втор  со два бода помалку од есенскиот првак ФК Големо Коњари а ФК Превалец со ист број бодови 23 е трет. ФК Локомотива е претпоследна 10  до 11 екипи со 7 освоени бода.

фото ФБ/ФК Превалец

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати