ФК Локомотива есенски првак на Трета лига Југ, ФК Превалец трет

Петар Печков

 


Во последното есенско коло, 13-то по ред, две победи и пораз за екипите од ОФС Велес, кои настапуваат во Третата лига Југ.

Во  дербито кое се играше  во Превалец,  гостуваше лидерот ФК Напредок од прилепско  Крушеани.   Домаќинот ФК Превалец со голот на Христијан Јанкуловски победи со 1:0.

Во второто дерби на трето и петто пласираната екипа ФК Локомотива од Градско победи во прилепско Житоше против ФК Братство со 0:2. Стрелци на головите беа  Дарко Иванов 25` и Аделин Ќазимов 89`.

ФК Илинден од Башино село гостуваше  во прилепско Обршани на истоимената екипа која е  седма и загуби со 4:2.

По ова 13-то коло завршува есенскиот дел, двете преостанати кола се играат напролет, кога првенството продолжува. Есенски првак е ФК Локомотива од Градско со 28 бод колку што има и ФК Ново Црнилиште,  а подобра гол разлика има екипата од Градско.  ФК Превалец е трет со 27 бода колку што има и ФК Напредок од Крушеани, но превалчани имаат подобра гол разлика. Претпоследен 15-ти е ФК Илинден од Башино село со пет бода.

Се одигра и последното 11-то коло на Третата фудбалска лига Исток. ФК Работник од Лозово гостуваше во Струмица на ФК Тиверија, во дербито на дното, 10-то и 11-то пласираните екипи. Победи домаќинот во натпревар со многу голови 6:3. Со овој пораз ФК Работник се зацврсти на претпоследното 11-то место, со само четири освоени бода. Првенството продолжува на 14 март следната година. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати