ФФМ одлучи каде ќе играат ФК Борец и ФК Кожуф за пласман во Втора лига

Петар Печков

Познат е стадионот каде велешки ФК Борец ќе игра за пласман во Втора лига. Денес ФФМ соопшти дека одреден  е стадионот  Никола Мантов во Кочани да биде местото каде мегдан ќе имаат ФК Борец и ФК Кожуф од Гевгелија. Ќе играат на 30 мај, сабота. Велешани се победници на Трета лига Југ а гевгеличани се 9-то пласирани во Втора лига.  

Одредени се домаќините уште на двата други баражи.  Во Кратово ќе се соочат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, додека во Штип ќе се борат Победа Валандово и Камјани од село Камењане. Победниците се во Втора лига, поразените остануваат во Трета лига. 

Последниот бараж натпревар за пополнување на ВМФЛ за сезоната 2026/2027 ќе се одигра на 31 мај на стадионот во Ѓорче Петров, а се среќаваат Тетекс Тетово и Влазними Струга.

Почетокот на сите четири средби е закажан за 16 часот и 30 минути.

фото интернет

Поврзани »

ТРЕТО АВИО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕШКО

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 10 август 2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати