Фени отиде во стечај

Петар Печков

Во Основниот суд во Велес беше донесена одлука кавадаречки ,,Фени индустри,, да оди во стечај.  Ова доаѓа по барање на три банки доверители Стопанска  Банка АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје и Силк роуд  Банка АД Скопје, кои побаруваат 40  милиони евра.   Предстечајниот управник Миросав Анастасиевски  го  презентираше  извештајот за економско финансиската состојба на комбинатот.

Сметката на фирмата е блокирана повеќе од 45 дена. Имотот со кој располага движен и недвижен може да ги намири трошоците за стечајната постапка и за побарувањата на доверителите.  Затоа предлагам да се отвори стечај– рече Анастасиевски. 

По  ова стечајната судијка, која го работи овој  предмет Валентина Ѓорѓиевска одлучи да го прифати мислењето на  предстечајниот управник.

Се усвојува предлогот за стечај на Фени Индустри АД Кавадарци. За стечаен управник се именува Мирослав Анастасиевски. Собранието на доверители се закажува за 11  јануари, до кога доверителите треба да ги достават нивните побарувања и на него ќе се решава за натамошнана судбина   - рече судијката Ѓорѓиевска. 

Оваа одлука ја пофалија тројцата вработени од Фени кои дојдоа пред  велешки  суд и рекоа дека останатите нивни колеги не  им било  дозволено  да дојдат тука. Претставниците на доверителите трите банки најавија дека писмено ќе го кажат нивното мислење, исто како и претставникот на должникот Фени кој рече дека нивниот став писмено ќе биде доставен.    Но затоа пак наспроти најавите на директорот на Фени Рајчо  Кацаров, дека нема да има опструкции на денешното  рочиште,    во три наврати токму од фени  се побара одлагање.  

Прво непосредно пред рочиштето, на четири минути пред почетокот е побарано одлагање поради неисполнување на условите за отворање на стечај. Потоа се побара ново рочиште за 3 до 8 дена, за да  можеле да доверителите и должникот да се договорот како да се подмири долгот.

Овие две барања  беа отфрлени од страна на  доверителите, како несериозни и кажаа дека  досега немало легнато ниту денар за да се плати долгот и затоа  не можат повеќе да веруваат на бугарски Енекод.

По  ова претставникот на должникот на Фени  побара изземање на стечајната судијка  Ѓорѓиевска. Претседателот на  Основен суд   Велес, Александар Шопов ова барање експресно го отфрли како неосновано.За 20 минути, рочиштето продолжи и беше отворен стечајот.

По оваа одлука ќе ги држиме за збор сите кои што оптимистички најавуваа дека стечајната постапка ќе трае   кратко и дека платите ќе се исплатат, согласно нашите барања, до петок.  И дека работниците нема да претрпат загуби  -  рече Маре Анчева  генерален секретар на СИЕР. 

loading...

Поврзани »

loading...

ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Советот на Општина Велес на седницата одржана на ден 27.11.2017 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ИТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година

Во согласност со Програмата на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес 25-5299/3. Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес на ден 13.12..2017 година, распишува К О Н К У Р С

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ДЕКЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com