Формирано Здружение на приватни локални радио станици

Петар Печков

 Локалните приватни радио  станици формираа свое здружение, на основачкото Собрание кое се одржа во Велес. За претседател едногласно беше избран Васко Чукарков од Галакси Радио од  Кавадарци. Беше избран и Управен и Надзорен одбор. На овој начин 50-те локални радио станици сакаат  нивниот глас да се слушне наспорти здруженијата на приватните телевизии со национална концесија и  приватните регионални и локални  телевизии.

Со текот на годините се појави потреба  локалните радија, кои имаат свои интереси наспроти локалните и регионални телевизии, да имаме свое Здружение. Се решивме на овој начин, преку ова Здружение да ги решаваме нашите проблеми, да може да се слушне и нашиот глас а во интерес на слушателите - рече Чукаров.

 Во Македонија имал 48 локални  приватни радио станици  и две  непрофитни, со околу 200 вработени.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати