Петар Печков
Објавено: недела, 15 ноември 2026
ФК Борец со рекордна победа во гости, ФК Башкими непоразен се враќа од Росоман а ФК Превелец во серија порази. Тоа се резултатите на трите екипи од ОФС Велес во 10 коло на Третата лига Југ.
Во неготинско Пепелиште ФК Борец победи со 0:11, над домашната ФК Победа 8-мо пласирана на табелата. ФК Башкими од Горно Јаболчиште одигра без голови 0:0 со шесто пласираната екипа на ФК Росоман, во гости. Дома ФК Превалец загуби од ФК Вардар Неготино со 1:3, кој беше 12 со само 6 бода и една победа. По ова 10 коло ФК Борец е втор со 21 бод, 7 помалку од лидерот ФК Победа од Прилеп, ФК Башкими е 7-ми со 13 бода а ФК Превалец со серија лоши резултати паѓа на табелата и е 9-ти исто така со 13 бода. Во следното 11 коло локално дерби ФК Борец – ФК Превалец, а во Чашка кај ФК Башкими гостува лидерот ФК Победа.
Во седмото коло на Општинската фудбалска лига, прв пораз за лидерот ФК Раштани, кој и натаму е на првото место во оваа конкуренција.
ФК Согле – ФК Плавник 1:2
ФК Локомотива - ФК Раштани 1:0
ФК Врановци – ФК Младост 4:2
ФК Бузалкова - ФК Форца нова 1:1
ФК Тополка – ФК Горски 2:2
Т А Б Е Л А
1. ФК РАШТАНИ 7 5 1 1 11:4 16
2. ФК ТОПОЛКА 7 4 1 2 9: 5 13
3. ФК ГОРСКИ 7 3 3 1 10:6 12
4. ФК ВРАНОВЦИ 7 3 2 2 9:8 11
5. ФК ЛОКОМОТИВА 6 3 1 2 7 :7 10
6. ФК ФОРЦА НОВА 6 2 3 1 8: 8 9
7. ФК ПЛАВНИК 7 2 2 3 8:10 8
8. ФК МЛАДОСТ 7 2 0 5 9:3 6
9. ФК БУЗАЛКОВА 7 0 5 1 6:-10 5
10. ФК СОГЛЕ 7 0 2 5 4:9 2
Во следното 8-мо коло играат:
ФК Плавник – ФК Горски
ФК Вранвоци – ФК Согле
ФК Бузалкова – ФК Раштани
ФК Тополка – ФК Младост
ФК Согле – ФК Локомотива

