Фудбалерките на ЖФК Борец одбележаа 20 години постоење (фото) на клубот

Петар Печков

Поранешните фудбалерки на ЖФК Борец вчера одбележаа убав јубилеј, 20 години од постоењето на клубот. Тој е формиран на 1 април 2006 година од тогашниот претседател на ОФС Велес Кире Јачев (Кире Ерик) и Тоше Нацев. Четири години подоцна клубот го направи најголемиот успех на велешкиот спорт, освојувајќи ја двојната круна, првенството и Куп сезона 2009/10. Есента ЖФК Борец настапи во квалификациите на Лигата на шампионите во Литванија.

Таа екипа беше во состав: Валерија Ваљак Неделковска капитен, Радица Дукова, Данче Стаиќ, Памела Мазнева, Елица Радевска, Цветанка Петрова, Благородна Паунова, Олгица Арсова, Ангела Гиневска, Ангела Стојанова, Ленче Андреева, Марјана Нацева , Надица Стојанова, Вероника Ѓорѓиевска, Ема Тодевска, Тања Ефтимова, Моника Стојанова, Радмила Неркова со тренер Тоше Нацев. 

„20 години пријателство без граници, без  разлики и вери“ – кажа тoгашната капитенка на ЖФК Борец Валepија Ваљак Неделковска, кој единствена во велешкиот спорт во една сезона има подигнато два пехари, Куп и Шампиони. 

Ракометарите беа прваци 1995, освојувачи на Купот 1994-та, одбојкарите освојувачи на Купот 1995, и футсал екипата на КМФ Велес во 2017 година и КМФ Дени комерц во 2011 година. Тоа се сите успеси на велешкиот екипен спорт од осамостојувањето до денес.

 фото приватна архива Валерија Ваљак Неделковска

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати