Фудбалски судија пријавил дека е физички нападнат на натпревар во Башино село

Петар Печков

Фудбалски судија  во понеделникот пријавил дека по зaвршувaњето на фудбалски натпревар од Општинска фудбалска лига, бил нападнат  од гостинските фудбалери. За овој нстан имаше реакција и од клубови на ОФЛ Велес

„На 28 октомври во 20.48 часот во Полициска станица Велес М.Н.(40 год) од Велес пријавил дека на 27.10.2024 во  Башино Село, велешко, во близина на спортското игралиште, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Горски“ и ФК „Бузалкова“ бил физички нападнат од М.Е. и С.А., играчи од ФК „Бузалкова“- информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес

Полицијата  презема мерки за расчистување на настанот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати