Футсал екипата на КМФ Кеги моби во четврт-финалето од Купот

Петар Печков

Со  пораз одбојкарите на ГОК Борец ја започнаа сезоната во  втората фаза од разигрувањето за првак на Македонија. Во салата Гемиџии тие  во саботата  се поразени со 1:3 (20; 18; -18, 15) од екипата на ОК Вардар. Ова е втор пораз за велешани во оваа фаза од натпреварувањето, првито беше минатата година. Во следното коло, викендот играат со екипата на    ОК Универзитет во Тетово.

Претходно в среда во четврт-финалето од Купот играат  со ОК Шкендија во Тетово. Со истиот противник, следната среда ќе играат реванш во Велес.  

Викендов се играше осмина финалето од футсал Купот на Македонија. Екипата на КМФ  Кеги моби победи дома со 7:2 против второлигашот КМФ Овче Поле од Свети Николе и се пласира меѓу осумте екипи. Екипата на КМФ Велес требаше да игра во Кратово со истоимената футсал екипа, но таа не се одигра.     

Карате федерацијата ги избра најдобрите за измината 2020-та година.  Најуспешен сениор до 21 година во  ката машки  е Георги Бановски  додека во  ката кадети за женски е Мартина Арсовска и двајцата се членови  КК „Гладијатор“ – Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати