Футсал екипата на КМФ Кеги моби е финалист на Купот

Петар Печков

Футсал екипата на КМФ Кеги Моби е финалист на Купот откако дома во салата Гемиџии во полуфиналето победи на пенали против составот на КМФ Јувентус серава од Скопје. Беше тоа  драматичен натпревар иако  велешани имаа сигурно водство од 4:1 на почетокот на вторите 20 минути, за гостите да стигнат до 4:4. Пеналите одлучуваа за патникот во финале, двете екипи беа прецизни, за во последната серија Димовски погодува за КМФ Кеги моби а нивниот голман Иван Стојановски го одбрани ударот на скопјани, шутираше Исмаил Абдуловски. Тоа беше повод за славеше на футсал екипата на КМФ Кеги моби пред нивните навивачи. Тие во финалето ќе играат со КМФ Проект од Јосифово, кој е иден шампион со уверливо водство во првенството. Тој во второто полуфинале победи со 11:0 над КМФ Клими. 

Со победа стартуваа одбојкарите на ОК Борец во плеј оф натпреварите за титулата првак. Дома пред натпреварот од полуфиналето на футсал Купот, во салата Гемиџии играа со ОК Струмица и победија со 3:1 (21:25, 25:16, 25:19, 25:20). Гостите го добија првиот сет, за потоа домаќините со сигурна игра ги освојат трите следни и поведат со 1:0. Следната средба се игра во Струмица, и доколку домаќинот победи и израмни, третиот решавачки натпревар ќе се игра во Велес за седум дена, следната среда.

Во 24  коло од Втората одбојкарска лига жени, во дербито на дното, ОК Виола волеј дома неочекувано загуби ОК Универзитет Тетово со 0:3 (23,20,20). Гостинките иако за едно место послабо пласирани славеа во Велес, за да се израмнат со бодовите , со по 21, велешанки се 10-то а тетовчанки  се на  11-то место.  Следното 25 коло одбојка жени Втора лига играат,  во Струмица ОК Виктори волеј која е  седмо место со 32 бода и  ОК Борец, а во Скопје  ОК Јанта волеј БУТ  која е осмо место со 29 бода  игра со помладиот велешки лигаш ОК Виола волеј.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати