Холанѓаните најбројни гости на локалитетот Стоби

Петар Печков

Ланската година археолошкиот локалитет Стоби забележал рекордна посетеност, највисока досега.  Го посетиле над   20 илјади туристи, повеќето странски, додека домашните најчесто биле ученици во рамките на организирани екскурзии. Директорот на НУ Стоби Спасе Перовски вели дека бројот на посетителите, особено странските, од година во година расте, причина за  тоа бил  автопатот кој  што минува покрај локалитетот. 

Статистиката за број на посетители на годишно ниво на  Археолошкиот локалитет Стоби има прогрес во вкупниот број на посетители. Минатата година, 2018, го достигна најголемиот број на посетеност, од преку 20.000 посетители. Најмногу се од Холандија, Полска, Чешка, Германија, Србија, Бугарија, како и од Соединетите Американски Држави, Австралија - изјави директорот  Перовски. 

Туристите кои го посетители локалитетот најголем интерес посветувале на Античкиот театар, Епископската базилика и нејзиниот  мозаик, Теодосијанската палата, храмот на Изида, градбата со арки.   Според директорот Перовски рекордната посетеност се должи на  одличната организација и атрактивните градби и мозаици со кои располага самиот локалитет.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати