Хрватот Бoбиќ победи свирејќи на клавир, користејќи чешалка за грбo

Петар Печков

Хрватот  Иван Бoбиќ е добитник на Гран при наградата на Меѓународниот натпревар на класична музика ,, Арт  ин Велес,, 2018. Тој со неговиот нестандарден настап на клавир, кога еден дел музицираше и со жиците преку метална  чешалка за грб го освои жирито составено од професори од музика од Македонија, Србија, Хрватска и Норвешка.   Тој дури настапи и со своја композиција. 

 Настапив со мојата композиција ,,Соната,, со поднаслов Успаванка за детството. Преку музика го раскажувам преминот од детството, работам на компонирање шест месеци.  Имам учествувано на вакви балкански натпревари и добро е кога ќе го измериш квалитетот во споредба со други- кажа добитникот на Гран при наградата Бoбиќ, кој доаѓа од Вараждин Хрватска.

Студент е на четврта година на Факултетот за музика во Осиек а доаѓа од музичко семејство таткото е композитор а мајката виолинистка а ангажиран е како корепетитор во театарот во Вараждин за танц- современ балет и танц. 

На натпреварот се додели и наградата проф. Томислав Димов неодамна починат врвен македонски музичар кој работел и живеел во повеќе земји од светот. Починал пред два месеци во Џакарта. Неа ја доби десет годишниот кавадарчанец Олег Најдовски кој свиреше на кларинет ,,Менует,, од Моцарт и ,,Селска игра,, од непознат автор а соа неговиот настап ја воодушеви публиката. 

Беа доделени и парични награди од Фондација Милетиќ виолинист и виолист на Србин кој живее и работи во Норвешка, победникот Бабиќ доби 400  а по сто добија   Олег Најдовски, Андријана Косовац од Ниш и Карло Фуриќ од Загреб.   

Од учениците на велешкото Основно музичко училиште ,,Стефан Гајдов,, кои настапија на натпреварот единствен кој доби 100 поени од жирито , победи во неговата категорија и настапи на завршниот концерт беше деветгодишниот Кристијан Коцевски, кој свиреше на гитара. На фестивалот ,,Арт ин Велес,, 2018 учествуваа 250 натпреварувачи од Македонија, Србија, Б и Х, Црна Гора и Хрватска а го организираше здружението ,,Арт ин орг,, од Кавадарци. Се одржа во музичките кабинети на  ОУ Блаже Конески.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати