Четврток наутро ќе се прска против комарци во Општина Чашка

Петар Печков

Општина Чашка ја известува јавноста дека на ден 17.07.2025 година (ЧЕТВРТОК) во раните утрински часови од 5 часот до 7 часот на територијата на Општина Чашка со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови ќе се врши ПРВА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА НАСЕЛЕНИ МЕСТА И ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЧАШКА ЗА 2025 ГОДИНА– СО АВИОТРЕТМАН ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ.              

Со aвиотретманот ќе бидат опфатени следните населени места:
Населено место – Населба Чашка + низводно на река Тополка
Населено место – Мелница + низводно на река Мелничка
Населено место– Лисиче, Голозинци, Еловец (оризови насади) –низводно на река Тополка
Населено место – Раковец (Општинска депонија)
Населено место -Отиштино и Бањица
Населено место – Богомила + низводно на река Бабуна
Населено место – Согле + низводно на река Бабуна
Населено место – Теово + низводно на река Бабуна
Населено место – Населба Оморани + низводно на река Бабуна
Населено место – Мартолци + низводно на река Бабуна
Населено  место – Извор + низводно на река Изворчица
Населено  место – Владиловци, Смиловци  + низводно на река Изворчица
Населено  место – Стари Град, Врановски Анови + низводно на река Бабуна и Изворчица
Населено место – Војница + низводно на река Војничка и Бабуна

Се известуваат пчеларите во времето на прскање и 3 до 4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства. Во случај на променети временски услови (врнежи, ветер) прскањето ќе биде одложено за наредниот ден во истиот временски период.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Оценете го годинашниот јубилеен 20 Меѓународен фолклорен фестивал Велес 2025?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати