Четврток рано наутро, второ авионско прскање против комарци во Општина Чашка

Петар Печков

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Чашка, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Чашка го издава следното Известување:  

Општина Чашка ја известува јавноста дека на ден 16.07.2026 година (ЧЕТВРТОК) во раните утрински часови од 05.оо часот до 07.оо часот на територијата на Општина Чашка со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови ќе се врши ВTОРА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА НАСЕЛЕНИ МЕСТА И ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЧАШКА ЗА 2026 ГОДИНА– СО АВИОТРЕТМАН ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ. 

Со Авиотретманот ќе бидат опфатени следните населени места:
1 Населено место – Населба Чашка + низводно на река Тополка
2 Населено место – Мелница + низводно на река Мелничка
3 Населено место– Лисиче, Голозинци, Еловец (оризови насади) –низводно на река Тополка
4 Населено место – Раковец (Општинска депонија)
5 Населено место -Отиштино и Бањица
6 Населено место – Богомила + низводно на река Бабуна
7 Населено место – Согле + низводно на река Бабуна
8 Населено место – Теово + низводно на река Бабуна
9 Населено место – Населба Оморани + низводно на река Бабуна
10 Населено место – Мартолци + низводно на река Бабуна
11 Населено место – Извор + низводно на река Изворчица
12 Населено место – Владиловци, Смиловци + низводно на река Изворчица
13 Населено место – Стари Град, Врановски Анови + низводно на река Бабуна и Изворчица
14 Населено место – Војница + низводно на река Војничка и Бабуна

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, заради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на променети временски услови (врнежи, ветер) авио-прскањето ќе се изврши првиот нареден ден во истиот временски период, кога ќе се создадат поволни временски услови.

фото Општина Чашка

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати