Четири вечери градот живееше со спортските игри Велес 2024 (фото)

Петар Печков

Во саботата со прогласувањето на победниците, завршија Третите спортски игри Велес 2024. Четири дена, поточно вечери, градот пулсираше во Градскиот парк, каде на пет  локации се одржуваа натпреварите во пет спортови – мал фудбал, баскет 3х3, одбојка на песок, тенис и новина годинава еспорт.  

Победници се во одбојка жени   1 место - Стојанова/Баталаковска,  2 место - Маројевиќ/Антеска и 3 место - Latorre/Caracci.  Одбојка  мажи 1 место - Valcarce/Hoppe, 2 место - Стојанов/Макаровски и 3 место - Колев/Димовски. Одбојка микс - 1 место Valcarce/Caracci, 2 место - Стојанов/Димитриевска и 3 место - Митев/ Latorre.

Во 3х3 баскет победи 1 место –Снага , 2 место - SOLUTIONX3 а 3 место - 3X3 Бутел
Во тенис  во финалето   Стефан Мицов го совлада Иван Манасов

Во мал фудбал екипата на Фенербахче е победник откако во финалето го победи составот на Чипс такси.

Во еспорт победник е  ЈП Јунајтед , 2 место – Панама и  3 место – UNKNOWN.

На третото издание оваа година учествуваа околу  580 спортисти од Македонија, Шпанија, Италија, Србија, Куба, Албанија, Германија  со што доби и меѓународен  карактер.

Годинашниот награден фонд беше  810 илјади денари, а на секоја фотографафија на победникот ја има и вредноста на наградата. Организатор беше „Ивентив“ од Велес.

Фото ФБ /Спортски игри Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати