Четири лица кои не почитувале изолација, сместени се во државен карантин во хотел Монтенегро Ривиера

Петар Печков

Во државен карантин  во  хотелот Монтенегро Ривиера, покрај Велес се и четири лица, кои не почитувала изолација. Тоа се жители на  Радовиш, Кочани и двајца од Демир Капија. Тие наместо дома остатокот од периодот ќе го минат во државен карантин.

Откако полицијата во неколку наврати, не ги нашла лицата кои имале решение за изолација  во  домашни услови, биле приведени и се донесени тука во хотелот, каде ќе ги минат остатокот од  предвидените  денови за карантин - изјави др. Страхил Тодоров, портпарол на Здравствен дом Велес.

Тој заедно со уште тројца негови колеги од болницата и итната помош дежураат во хотелот, заради здравствена нега на лицата кои престојуваат таму.  Во државен карантин во хотел Монтенегро Ривиера, според д-р Тодоров,  денес биле 52 лица, македонски државјани повратници од странство.

Во текот на вчерашниот ден стигнала група од 40 лица а претходно престојувале други 12. Од нив 41 се решиле на брзо тестирање, по што дошла приватна лабораторија од Скопје, избрана од самите повратници,  и доколку нивните резултати се негативни, тие попладнево ќе го напуштат хотелот и ќе заминат дома. Таму ќе престојуваат остатокот од 14-те предвидени  денови за домашна изолација.    

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати