Читањето на броилата за вода преку мобилен

Петар Печков

ЈКП Дервен  читањето на броилата за вода, на домаќинствата ќе го  врши со нова технологија. Инкасаторите ќе користат на новата софтверска апликација за електронско читање на водомери преку мобилни уреди.

По обуката  која се изврши над инкасантите, ќе следи период на тестирање на софтверската апликација од околу месец дена, по што ќе се започне со примена на овој метод на читање водомерите на терен.  Вчитаната состојба веднаш по внесувањето ќе стигне до службата во ЈКП Дервен - објаснија од ова јавно претпријатие.  .

Апликацијата освен што нуди внес на податоци од отчитаниот водомер, исто така овозможува внесување на забелешки и фотографии со цел да се идентификува реалната состојба на водомерите и пристапноста до нив за инкасаторот да може да ги прочита.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати