Шеесет лица за два дена не носеле заштитни маски, велешанец наместо во изолација шетал низ град

Петар Печков

Шеесет лица или за два дена во Велес  по 30 лица, во средата и четвртокот биле казнети оти не носеле заштитна маска, откако се движеле по улиците низ градот. Полицијата им изрекла парични казни од по 20 евра кои ако се платат во рок од осум дена глобата е 10 евра, или 620 денари.

На денешниот прес градоначалникот Аце Коцевски соопшти дека  вчера 65 лица во велешко биле во изолација и самоизолација. Едно лице е во државен карантин во хотел ВИП , оти во периодот  кога кај него била полицијата не го нашла дома, поради што е уапсен и однесен во Скопје, каде ќе остане до истек на предвидени 14 дена во изолација, плус ќе ја плати сметката за престојот,  но и СВР Велес ќе му поднесе соодветна кривична пријава.    

Основното јавно обвинителство Велес  во два наврати на 24 јуни  и на 3-ти јули,  до Основен суд Велес, поднело предлози за издавање казнени налози за седум лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија .

Обвинетите во одделни кривично правни настани, го прекршиле полицискиот час, односно постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење.
Обвинителството му предложило  на Судот да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби со износ од по 20 евра, во денарска противвредност, односно 800 евра во вкупна вредност.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати