Шпекулација е дека Питијадата ќе се одржи на ул. 8 Септември, останува на старата локација пред Панини

Петар Печков

По шпекулациите и непотврдените  најави, дека годинашново издание на велешката Питијада, ќе се одржи на нова локација и место, организаторот Општина Велес со објаснување за да нема дилеми.

Информацијата која кружи низ дел од граѓаните, дека манифестацијата ќе се одржи во центарот на градот, на улица 8 Септември, каде се вршат интензивни градежни работи за завршување на поплочувањето на тротоарите, не е точна, објаснија од локалната власт.

„На официјалниот ФБ настан и низ другите содржини, прецизиравме дека годинава 2024, манифестацијата ќе се одржи на старото место, локација Панини, на улица Благој Ѓорев. На истата објава се прецизирани и датумите, тоа се стандардно вториот викенд од месец октомври. Годинава тоа е продолжен викенд 11, 12 и 13 октомври“ - соопштија од Општина Велес.


Организаторот веќе откри дел од учесниците на  годинашнава Питијада, засега сигурен е настапот на Елена Ристевска, Суперхикс, Мики Секуловски,  Слаткаристика, групата Сарс.  Српската поп ѕвезда Саша Ковачевиќ најави дека ќе настапи во Велес на 12 октомври.

28.09. Osijek, Hrvatska - Dvorana Gradski vrt
12.10. Veles, Makedonija - Trg
29.11. Maribor, Slovenija - Dvorana Lent
Uskoro još datuma...
mail: studiokovacevic@yahoo.com

 

 

На седница на Советот, беше зголемена финансиската поддршка која организаторот Општина Велес ја дава на манифестацијата од 3,5 на 5 милиони денари. Се најави дека на Питијадата ќе има учество на две регионални пејачки ѕвезди.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати