Што е разликата -IQOS ILUMAспоредено со претходната генерација IQOS уреди

Петар Печков

Уредите без чад значително ја променија сликата на пазарот на алтернативи на пушењето. Предводник во оваа категорија несомнено се IQOS уредите. Со загревање наместо согорување на тутунот, уредите нудат подобра алтернатива на цигарите за сите полнолетни пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.

На македонскиот пазар неодамна пристигна технолошки најнапредниот уред за загревање - IQOS ILUMA, што користи технологија за индукциско загревање, а истражувањето што го спроведе Филип Морис покажува дека IQOS ILUMA пружа подобрено корисничко искуство. Овој производ не создаваат чад од тутун, туку аеросол кој содржи 95 отсто помалку штетни материи, што не значи дека е без ризик, бидејќи ослободува никотин.

Новата генерација решава три најголеми предизвици на корисниците: чистењето, непријатните мириси и полнењето. Во продолжение ви донесуваме што точно е унапредено во однос на претходната генерација уреди:

Новата генерација уреди не треба да се чистат
Кај претходните генерации, загревањето се одвиваше преку сечилото во држачот, па поради тоа се собираа остатоци на дното и потребно беше редовно чистење на уредот. Новата генерација уреди користат технологија на индукциско загревање и повеќе нема сечило во држачот. Тоа значи дека нема потреба од чистење на уредот, никогаш повеќе!

Автоматско загревање

За разлика од претходната генерација уреди, каде што загревањето стартуваше сопритискање на копче, кај ILUMA држачот автоматски почнува да се загрева, без притискање на копчиња, благодарение на Аuto-start опцијата.

Дизајн и избор на уреди

Покрај тоа што дизајнот е далеку попрефинет од претходниот модел, новото портфолио опфаќа три различни модели - IQOS ILUMA PRIME, IQOS ILUMA и IQOS ILUMA ONE. Дополнително, батеријата на новата генерација уреди има и подолг век на траење.

IQOS ILUMA уредите нудат и следно ниво на елегантен дизајн со дополнително нови бои и додатоци, како и дополнителни smart гестови за проверка на статусот на батеријата, заклучување на држачот. Со постојано унапредување на портфолиото на производи без чад, компанијата Филип Морис ја потврдува својата посветеност на мисијата - иднина без чад од тутун и продолжува да ја предводи трансформацијата на тутунската индустрија кон намалување на штети.

ПР текст

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати