Што лани најмногу пребарувале Македонците на Гугл

Петар Печков

Кои поими биле најпребарувани во Македонија во текот на 2017 година, особено тие за кои имало особено зголемен интерес споредено со претходните години.

Според податоците, Македонците најмногу ја „гуглале“ апликацијата „Статс ројал“, која овозможува пристап до многу точни статистики и информации потребни за играта „Клеш ројал“ (clash royale). На второ место на најпребарувани поими е „ајфон 8“, додека на третата позиција е „Гледалица“, интернет-страница преку која може бесплатно да се гледаат филмови и телевизиски серии. Македонците често пребарувале и за виртуелниот мобилен оператор „Лајкамобил“, како и интернет-страницата 123movies преку која исто така може бесплатно да се гледаат филмови и серии онлајн. 

Кога станува збор за најпребарувани теми, дефинитивно тема што најмногу ги заинтересирала нашите граѓани е виртуелната валута биткоин, така што оваа тема најмногу се „гуглала“. Освен биткоинот, голем интерес имало и за теми поврзани со сезона (на серии), весникот „Фокус“, групацијата НЛБ, како и за градот Велес. Гледано на подолг рок, односно во изминатите пет години, алатките на „Гугл“ покажуваат дека најпребаруван поим во земјава дефинитивно бил „алиекспрес“. Во продолжение се листите на „најгугланите“ поими и теми во 2017 година, како и најпребаруваните поими во одделни категории. 

     Најпребарувани поими - општо 

1. Статс ројал (stats royale)

2. ајфон 8

3. gledalica

4. Лајкамобил

5. 123movies

          Најпребарувани теми 

1. Биткоин

2. Сезона

3. Фокус – весник

4. НЛБ групација

5. Велес, Македонија

       Уметност и забава

1. Задруга (реално ТВ-шоу)

2. Сенки над Балканот (ТВ-серија)

3. Vip web TV

4. Деспасито (песна)

5. Големиот брат Албанија 9 во живо (реално ТВ-шоу) 

         Книги и литература

1. Џеки Кенеди, биографија

2. Омер и Дефне (ликови од турската ТВ-серија „Вљубениот ерген)

3. Темната кула - Тhe dark tower (филм)

4. Veni vidi vici (ТВ-серија)

5. Универзитет „Гоце Делчев“, материјали

     Луѓе и општество

1. Фрив 2017 (бесплатни онлајн-игри)

2. Преведи на „Гугл“

3. Маја Дардел 2017 (филм)

4. Избори 2017 Македонија

5. Негорски Бањи

        Спорт

1. УЕФА супер куп 2017

2. Мојот син (турска ТВ-серија)

3. mcgregor vs myweather fight

4. UEFA super cup 2017

5. Euro handball 2018

 текстот е преземен од  http://www.fakulteti.mk

loading...

Поврзани »

loading...

Пролетна акција за собирање на габаритен отпад

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ веќе осма година по ред организираат „Пролетна акција за собирање на габаритен отпад“. Акцијата започна од понеделникот 16 Април, и ќе трае до 15 Мај. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • ми донесе многу убави моменти
  • што поскоро да ја заборавам
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши мигови
  • постар сум за една година
Резултати