Што се случи на ракометниот натпревар РК Фруитленд –РК Прилеп кога за пет минути предност од седум гола за домаќинот, гостите промашија контра за победа

Петар Печков

Ракометниот натпревар помеѓу РК Фруитленд и ФК Прилеп заврши нерешено 38:38 (23:20).  Но средбата од претпоследното коло 21 на првиот дел од Супер лигата ќе ја одбележи неверојатниот пресврт. Во 48 минута велешани имаа предност до 10 гола 33:23. Во 55 минута 8 гола, 37:29. И потоа доаѓа до серија на гостите,  во период кога домаќините играа со вториот состав, прилепчани  во 56 мин.  губеа 37:30 за да во 58:45 резултатот биде 37:36.  Во 59:14 семафорот покажува 38:37,  а 20 секунди потоа 38:38. РК Фруитленд во напад, кој не го реализира, прилепчани на две секунди со контра за победа кога домашниот голман ја спречува сензацијата, брани, за конечно реми.  Гостите се 7 пласирани и секако ќе играат во плеј аут, заедно со велешани ќе разигруваат за опстанок. Остануваат многу прашања што се случи во салата Гемиџии? Во следното последно коло кое се играа на 22 март, РК Фруитленд гостува во Кавадарци на 5 пласираниот РК Тиквеш. РК Фруителнд е 10 со 8 бода.

Во дербито на дното од Втората фудбалска лига, ФК Борец кој е претпоследен со 10 бода загуби од ФК Вардарски кој е последен со 5 бода. Двата гола на домаќинот, кој има доста млад состав, беа постигнати по големи грешки на одбраната на велешани.Во следното коло уште едно дерби во Велес гостува ФК Осогово, кој е 14-ти со 13 бода. Тоа е натпревар за избегнување на последните две места, кои водат во Трета лига а 14-то во бараж за опстанок. И во оваа ситуација  многу ќе значеа бодовите од Богданци, против фенерџијата.

Во 9 коло, второ пролетно,  ЖФК Борец во Скопје од кандидатот за повисок пласман ЖФК Вардар загуби со 9:0. Велешанки се претпоследни 7-ми од осум екипи. Во следното коло во Велес гостува составот од Охриуд, ЖФК Билјанини извори, кој е трет со 16 бода.

Во 10 коло, прво пролетно од Првата пингпонгарска лига, ППК Борец ТИМ загуби од ППК Рисови, кој имаше победа помалку а двете екипи се ниско пласирани 6 и 7 од 9 екипи, со по 12 бода. Утре велешани играат со ППК Студент кој е третопласиран и со последно пласираниот тим на ППК Кочани, кој нема победа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати