Штрајк на вработените во Пошта од 8 до 10 часот

Петар Печков

Вработените од  Македонски Пошти  претпладнево од 8 до 10 ч. протестираа пред зградите на Пошта. Така беше и во Велес, каде во овој термин не се работеше со странки.  Штрајкот е во организација на  Синдикалните организации на Македонска Пошта. Преку него се бара исплата на платата за февруари  и  решение за состојбите во Пошта.

Според Синдикатот на Македонска пошта, поради алармантноста на состојбите и финансиската криза во која е доведена АД Пошта, вработените се загрижени за опстојување и иднината на Пошта, зачувување на работните места и егзистенција на нивните семејства.

„На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот. Односно, работодавачот и покрај законската обврска за редовна исплата на плата, не им исплати плата на работниците во законскиот рок до 15-ти во месецот, за февруари 2024 година доведувајќи ги работниците до работ на егзистенција и неможност за обезбедување пристоен живот на нивните семејства, со тоа работодавачот го прекрши елементарното работничко право на плата и непочитување на достоинството на работниците“,  наведува во пишана изјава претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.

Штрајкот продолжува се до исполнување на барањата

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати