Во средните во Велес пополнети паралелките за готвач-келнер, за медицински сестри и фармацевти

Петар Печков

Од 1011 слободни места во првиот уписен рок во четири средни училишта во Велес пополнети се 394.  Од сите струки најголем интерес имало за  готвач/келнер во УСО ,,Коле Неделковски,, и  за медицински сестри и фармацевти  во УСО ,,Димитрија Чуповски,, .

Во сите останати има слободни места. Ова го покажуваат бројките од првиот уписен рок.   Најголема конкуренција имало за медицинска сестра, каде за 34 места конкурирале 60 ученици, и по 45 за  готвач/келнер и за фармацевт. 

Младите ги рушат предрасудите. Во паралелката за козметичар за прв пат оваа година се запишало и првото машко, кое имало скроз  одличен успех во основното образование.  Во ова училиште  Хемиското ,,Димитрие Чуповски,, лани се запишала и првата девојка која се образува за месопреработувач. 

Во Гимназијата ,,Кочо Рацин,, годинава повторно се враќа спортската паралелка - фудбал. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати