Дали пешаците го користат пешачкиот премин

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, понеделник, шест часа траела сообраќајна контрола на полицијата, колку пешаците минат на обележан пешачки премин.

Понеделникот 28 октомври  во периодот од 8 до 14  часот на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на пешаци, кои прават прекршоци во сообраќајот. Притоа, биле откриени 25 прекршоци, од кои осум во Велес, четири во Кавадарци и 13 во Неготино - информираа од МВР. За сите прекршоци изречени се соодветни казни.

Вчера ваква акција изведена е и во повеќе македонски града, при што во Скопје биле констатирани 11 прекршока, Струмица 18, Штип 21, во Тетово 18 , во Гостивар  7 лица не ја минувале улицата на обележан пешачки премин.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати