Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јуни 2024
СВР Велес информира за две тепачки кои се случиле во текот на вчерашниот ден, едната е во село Нежилово а втората во Кавадарци. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 26 јуни во 19.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Нежилово, општина Чашка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А. (49 год) и З.А.(53 год) од една страна и Т.Д.(65 год) од друга страна, сите од Велес. Според пријавеното, З.А. со тврд предмет го удрил Т.Д.“- информира БиљанаЃаковска портпарол на СВР Велес.
Втората тепачка во која учествувале четири лица се случила во Кавадарци.
„На 26.06.2024 во 16.20 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Ј.С.(31) и В.С.(55) од село Марена, кавадаречко, и К.Д.(25) и Т.Д.(57) од Кавадарци, по претходна пријава дека пред угостителски објект во Кавадарци по меѓусебна расправија го нарушиле јавниот ред и мир и со физичка пресметка помеѓу Ј.С. и В.С. од една страна, а К.Д. и Т.Д. од друга страна, во која, според пријавеното, К.Д. со дрвен предмет го удрил В.С.“ – соошти Ѓаковска.
Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.