Петар Печков
Објавено: четврток, 25 октомври 2018
Набргу треба да заврши санацијата на Железничкиот бетонски мост на реката Црна, близу локалитетот Стоби, по што ќе се нормализира железничкиот сообраќај на релацијата Скопје- Солун. ова го кажа премиерот Зоран Заев при вчерашната посета на локалитетот Стоби, прашан кога може да сообраќаат возовите на оваа делница. Тој не кажа термин, но рече набргу.
Верувам дека во прашање се денови, заради тоа што ова навистина е една од најважните железнички трансверзали за Европа, а секако превозот ан стока од Солунското пристаниште. Пругата ги поврзува Македонија со Солун, но и од Солун кон Централна и Западна Европа Белград, Париз, Будимпешта. Владата донесе брза одлука и веднаш обезбедивме средства и колку што сум информиран реконструкцијата е започната - кажа Заев.
Мостот беше оштетен на 29 септември, од надојдените вода на реката Црна при што беше оштетен еден од столбовите. Поради тоа железничкиот сообраќај на релацијата Велес - Гевгелија е во прекин. Директорот на ЈП Македонски железници инфраструктура Ирфан Асани кажа дека секојдневно поради прекинот само тие губат 28 илјади евра а загуби бележи и македонското стопанство поради отежнатиот транспорт. За кинеската стока, која секојдневно од Солун со по два воза се превезуваше кон Европа, сега се користи алтернативниот правец, со воз преку Бугарија.